Хибридот Epsilon F1 кој претставува краток тип на краставица се покажа како најдобар од сите досега присутни хибриди на пазарот. Со својот обилен и квалитетен род ќе заземе значајно место во производството на кратка краставица. Се работи за партенокарпен тип на краставица, со должина на плодовите од 18-20 см, со специфична нијанса на зелена боја и слабо изразени брадавици. Се покажа како одличен хибрид за пролетно производство бидејќи одлично формира плодови и на пониски температури. Средно е отпорен на пепелница. Во прилог ви приложуваме неколку фотографии од терен.