Винка (Catharanthus)
Припаѓа на семејството (Apocynaceae), род Catharanthus. Винката бара сончево, топло време, и
издржува на силно сонце и суша, цвета обилно од крајот на пролетта до првата слана.
Оптимална температура за нејзино развивање е од 18-20 °С . Ако температурата на субстратот
падне под 10°С ќе има негативно влијание на кореновиот систем а и на самото растение во
понатамошниот развој. Субстратот треба да биде медиум со средна структура со слаба киселост
pH 5.5-6.5. За време на вегетацијата треба умерено да се полива, почвата не смее да се пресуши,
а вишокот на влага може да биде штетно. Се прихранува 1-2 седмично наизменично со растворливи
ѓубрива НПК 14:10:26+3Mg и 14:07:28+5CaO.
Винката пристигнува во табли бројчано по: 264 и 480 растенија по табла.