Syngenta Zeraim Gedera Daehnfeldt
Семе

Viola

Виолата припаѓа на семејството (Violaceae). Едно од познатите сорти на цвеќе кое со својот спектар на бои ги краси домовите и парковите од есента до рана пролет. Важно е да се напомене за виолата е квалитетот на водата во која нивото на бикарбонатите не треба да надминува 60-80г на литар, бидејки повисока pH го блокира усвојувањето на микроелементите. Оптимални вредности на pH треба да изнесува од 5,0-6,0. Се прихрануваат со комплексни ѓубрива со пониска содржина на фосфор пр.14:07:28+5CaO ,15:05:30+3Mg+7S и др. 10-15 грама на секои 4-6 дена. За расадување се користи субстрат медиум со средна содржина на хранливи материи. При расадувањето, расадот не треба да се сади премногу длабоко туку субстратот околу коренот леко да се притисне. Оптимална температура за развој на виолата е 13-18°С преку денот и 10-13° С ноќта.

Dahlia x Hybrida

Далија(Ѓургина)
Далијата не е претенциозно растение. Лесна е за одгледување и не бара многу специфични
грижи. Потребно е да биде заштитена од ветер со плодна и добро исцедена почва.
Далијата не е топлољубива, најдобро се чуствува при температури од 12-15 ° C,
но не е отпорна на студ и не презимуват на
отворено.
Далијата сака многу светло, но треба да се чува од директни сончеви зраци.
При краток ден прво доаѓа до формирање на ризом (здебелување на коренот), а потоа
на вегетативниот дел. При светлина повеќе од 12 часа прво се развива вегетативниот дел.
Субстратот треба да биде медиум со средна структура со pH 5.5-5,8.  Се прихранува 1-2
седмичо наизменично со растворливи ѓубрива НПК 14:10:26+3Mg и 14:07:28+5CaO.

DahliaDahliaDahlia

Petunia

Петунијата е едногодишно растение кое припаѓаат на семејството (Solanaceae).
На ова семејство припаѓа доматот, компирот, модриот патлиџан, тутунот и др.
Петунијата е уникатен ботанички род, кој се разликува од сите други со богатство на бои,
добра прилагодливост кон условите на одгледување и разновидни декоративни квалитети.
Поради разновидноста од бои, форми, цветови, обилно и долготрајно цветање таа е меѓу
најпопуларните градинарски растенија. По статистички податоци 30% од целото производство
на семе за цвеќиња во светот припаѓа на петуниите. Сите петунии сакаат топлина и имаат
голема потреба од голема количина на светлина. Добро растат на отворени сончеви места.
Бараат температура над 10 ° С. Треба да се прихрануваат редовно со комбинирано ѓубриво
пр. NPK 20:20:20 на секои 7-10 дена, а во фаза на цветање NPK 14:10:26+3Mg – на секои 3-4 дена.
Се користи субстрат со медиум структура 0-20mm со глина. со pH од 5-5,5.

Pelargonium

Пеларгониумот или кај нас познат и како сардела, сакз, малока и др. е најраспространетото цвеќе во нашата држава.
Потекнува од фамилијата (Geraniaceae) и има околу 400 вида од кои нај познати се Pelargonium peltatum,
Pelargonium zonale, Pelargonium grandiflorum, Pelargonium x hortorum и од пред две години новата генерација
Pelargonium Hybrida (Intrspecific) кој настана со вкрстување помеѓу Pelargonium peltatum и Pelargonium zonale.
За квалитетен развој на Пеларгониумот му е потребно многу светлина со континуирано регулирање на температурата,
дневна 18-20°С и 15-18°С преку ноќта. При поголеми температурни амплитуди доаѓа до појава на пукање на клетките
на долниот дел од листовите или (Oedema). Прихраната треба да започне веднаш по расадувањето (третиот ден) за да
не се дозволи намалување на ЕС вредноста на субстратот бидејки тоа има негативно влијание во понатамошниот развој.
Се прихранува со комплексни ѓубрива со помала содржина на фосфор пр. 14:10:26+3Mg или 15:05:30+3Mg. при секое поливање.
Субстратот треба да биде со крупна структура од 0-40mm со 20% глина со pH 5,8-6,2.

Cyclamen

Цикламите (Cyclamen persicum) се многу популарни кај нас во последниве години.
Најчесто се одгледуваат како собно цвеќе и цветаат од Декември до Април .
Кај нас најмногу се застапени пред и за време на 8-ми Март. Ја има во повеке
бои како бела, розова, црвена, салмон, пурпурна, или понекогаш би-колорна.
Лисјата се во облик на срце и ги има зелени и сребрени. Нивниот развој е многу
бавен од 26 па до 36 седмици во зависност од видот, па затоа треба да се внимава
околу исхраната на овие цвеќиња. За време на летниот период се засенуваат со 60% мрежа.

CyclamenCyclamenCyclamen

Catharanthus

Винка (Catharanthus)

Припаѓа на семејството (Apocynaceae), род Catharanthus. Винката бара сончево, топло време, и
издржува на силно сонце и суша, цвета обилно од крајот на пролетта до првата слана.
Оптимална температура за нејзино развивање е од 18-20 °С . Ако температурата на субстратот
падне под 10°С ќе има негативно влијание на кореновиот систем а и на самото растение во
понатамошниот развој. Субстратот треба да биде медиум со средна структура со слаба киселост
pH 5.5-6.5. За време на вегетацијата треба умерено да се полива, почвата не смее да се пресуши,
а вишокот на влага може да биде штетно. Се прихранува 1-2 седмично наизменично со растворливи
ѓубрива НПК 14:10:26+3Mg и 14:07:28+5CaO.

Impatiens

Импатиенс

Импатиенсот (Impatiens walleriana) е едно од најзастапените цвеќиња во градините и по
балконите низ нашата држава. Наменето е за делови од градината кои се во поголемиот
ден од денот во сенка. Не поднесува директна сончева светлина. Се развива на температура
од 15-20 0 С не поднесува ниски температури. Ако температурата на субстратот падне
под 10 0 С негативно се одразува на понатамошниот развој. За импатиенсот се користи
субстрат медиум со мешавина на црн и бел тресет во однос 80% бел и 20% црн.
Се прихранува со кристални ѓубрива со додаток на калциум еднаш неделно
пр.14:07:28+5CaO.

ImpatiensImpatiensImpatiens

Osteospermum

 

Остеоспермум

Остеоспермумот добива на популарност во Европа последните 25 години. Постои широк
асортиман на цветови, како оние во розова и пурпурна нијанса кои се најчести.
Постојано се воведуваат жолта, портокалова, бела, розова, виолетова, како и двобојни
хибриди.
На височина растенијата достигнуваат од 15 до 45 см во зависност од сортата и лисјата
се со привлечена темно зелена боја. Повеќето цветаат обилно од рана пролет до
средината на летото, по што го намалуваат бројот на цветовите, за да почнат повторно
да цветаат обилно со доаѓањето на есента, поради намалените температури.
Најмногу компактни растенија со најмногу цветови се добиваат ако се одржува ноќна
температура од 10 – 13 ° C . Субстратот треба да биде со крупна, структурна со
pH 5,5 – 6,5. Се прихранува 1-2 седмичо наизменично со растворливи ѓубрива
НПК 14:10:26+3Mg и 14:07:28+5CaO. Мора да се внимава Е.С. да не надминува
норма од 2,0ms.

OsteospermumOsteospermumOsteospermum

Verbena

Вербена

Вербената (Verbena hybrida) е една од оние цвеќиња кои цветаат од пролет до зима.
Во потопли клими се одгледува како трајна, но кај нас како едногодишна.
Цветовите се како гроздови а достигнуваат висина од 15-20цм. Цветовите може да биде
плава боја, виолетова, бела, розова, кајсија или црвена. Вербената е популарна
како растение за во кошници, висечки саксии,а исто така добро изгледа во градини и во
жардинерии по балконите. Оптимална температура за вербената е од 18-22 ̊ С,субстратот
треба да е медиум со рН 5,8-6,2 и се прихранува 1-2 во неделата со НПК 14:10:26+3Mg.

Verbena

Begonia

Begonia F1

Бегонија(Begonia semperflorens)

Овој тип на бегонија е веројатно најмногу одгледувана бегонија во нашата држава.
Во светот е наречена “восочен тип”, поради восочениот изглед на лисјата.
Овие бегонии се одгледуваат претежно како едногодишни. Сите имаат сјајни лисја
и постојано цветаат, со црвена, розова и бела боја на цветови. Листовите се со две бои,
зелена и бронзена. Цветовите се со единечни и двојни форми. Оптимална температура за
развој е од 18-21 ̊ С, рН 5,5-5,8 и се прихранува 1-2 седмичо наизменично со
растворливи ѓубрива НПК 14:10:26+3Mg и 14:07:28+5CaO.

BegoniaBegonia F1

Salvia

 

Салвија(Жарче)

Салвиа (Salvia splendens) е тропскo цвеќе кое расте во топли краеви кое со широкиот
спектар на бои представува прекрасна декорација низ градините и парковите,
вклучувајќи бела, салмон, виолетова, традиционалната црвена, по кое и го добила
името жарче како и двобојните. Субстрат стандард со глина, pH од 6.2-6.5 и EC
помеѓу 0.7-1.0. Се прихранува 1-2 седмичо наизменично со растворливи ѓубрива
НПК 14:10:26+3Mg и 14:07:28+5CaO.

SalviaSalvia

Tagetes

Тагетес

Тагетес (Tagetes erecta,Tagetes patula nana) или Џунџуле како што го викаме кај нас
е едногодишно цвеќе. Се користи како декорација во цветни градини, паркови и по
булевари. Издржливи се на секакви временски услови. Го има во три бои портокалова,
жолта и ванила. Карактеристичен е по неговата силна миризба, која некои не ja
поднесуваат, но пак се мисли дека бркаат многу штетни инсекти. Тагетесот содржи
етерични масла кои се користат во производство на парфеми и фармацевтската индустрија.
Се користи субстрат стандард со глина, pH од 6.2-6.5 и EC помеѓу 0.7-1.0.
Се прихранува 1-2 седмичо наизменично со растворливи ѓубрива НПК 14:10:26+3Mg и
14:07:28+5CaO.

TagetesTagetesTagetes

Primula

Јаглика

Primula acaulis (Јаглика) е претставник на една од најголемите родови
на семејството Primulaceaе (првоцветни).  Во умерените појаси и во алпскиот појас
во целиот свет се среќаваат повеќе од 600 видови јаглика.  Најмногу се тие во
Европа и Средна Азија.  Ботаничкото име на јаглика – примула,  доаѓа од латинскиот
збор “primus”,  која значи прв,  ран и е поврзан со појавата на цветот уште во
самиот почеток на пролетта. На пазарот растенијата се нудат со името Primula,
при што се занемарува традиционалното македонско име Јаглика. Тоа доведува до
недоразбирање и многумина мислат дека станува збор за различни цвеќиња. Најпозната
е сортата TIARA со буен раст и крупни цветови. Субстратот треба да биде медиум
со средна структура со pH 5.5-6.0. За време на вегетацијата треба леко да се
полива, пачвата не смее да се пресуши, а вишокот на влага може да биде штетно.
Се прихранува 1 седмично наизменично со растворливи ѓубрива НПК 14:10:26+3Mg и
15:05:30+3Mg.

PrimulaPrimulaPrimula

Ranunculus

 

Ранункулус

Ранункулусот или лутиче е повеќегодишно растение. Преферира песоклива-глинеста до
глинеста, богата со хранливи состојки почва. Без оглед на тоа, понатамошното
прихранување му се одразува добро. На висина достигнува 15-25 см Развива тенки
цветоносни стебла, при што на едно стебло може да се развие до 4 цвета. Цветовите
според сортата се еднобојни или двобојни, биколорни, полусферични, со дијаметар
до 10-12 см. Убави и интересни се и лисјата, како впрочем, на сите се двојно или
тројно насечени, со заоблени краеви. Од гледиште на неговото одгледување интересни
се корените кои се месести и грудковидни, заострените на крајот и служат како
материјал за размножување. Ранункулусот бара обилна светлина, постојано влажна
почва и поладна температура. Субстрат стандард со глина, pH од 6.0-6.5 и EC помеѓу
0.7-1.0. Се прихранува 1-2 седмично наизменично со растворливи ѓубрива
НПК 14:10:26+3Mg и 14:07:28+5CaO.

RanunculusRanunculusRanunculus

Cineraria

Цинераријата (Senecio Cruentus,Pericallis cruenta) е една од најубавите цвеќиња
кое се одгледува од семе. Овие компактни, кружни цвеќиња се одлични за контејнери,
и делови од градината кои не се изложени на директна сончева светлина. Ја има во
повеќе бои на сина, црвена, розева, виолетова, пурпурна боја како и двобојните.
Развојот на цинераријата трае од од 18-24 седмици зависно од видот. Во текот на
сончевите периоди се засенува. Субстратот треба да е со рН од 5,8-6,2 со крупна
структура стандард од 0-40мм. Се прихранува 1-2 седмично наизменично со растворливи
ѓубрива НПК 14:10:26+3Mg и 14:07:28+5CaO.

CinerariaCinerariaCineraria



Календар