Оваа сорта на карфиол е со извонреден квалитет, има цвет со снежно бела боја, компактна тешка глава, помалку овална.
Растенијата се со јак пораст и со крупни листови кои добро ја покриваат главата позната по одличната особина на стрестолерантност.
Просечна должина на вегетацијата е 72 дена.
Може да се употребува за преработка и за свежа конзумација.
Лесно прилагодлива сорта, едноставна за производство за сите видови на земјиште.