Emphasis F1
Резистенција:
HR = Fon: 2 / Fom: 1-2
IR = Fon: 0
Emphasis F1 е подлога за калемење коа одговара на сите хибриди на лубеници, лесна е за калемење и обезбедува уедначеност на расадот. Растението има јак хабитус (вигор) а ‘ртењето, никнувањето и почетниот раст се уедначени ( многу важно за планирање во процесот на калемење ). Во опитите во јужна и југоисточна Европа, кај производителите на расад е потврден јак коренов систем во различни климатски услови. Emphasis F1 дава екстра вигор и одредена раностасност во различни производни услови. Во интерните опити на Syngenta во местото Оча во Унгарија, Emphasis F1 го поправи квалитетот како кај класичните (семени) така и кај безсемените лубеници. Оваа подлога покажува висока толеранција на Fusarium, висок процент на прифаќање на калемот а во споредбени опити со други подлоги, Emphasis F1 покажа најмало каснење во однос на некалемената лубеница.
Карактеристики на хибридот:
- толерантност на fusarium
- толерантност на ладно време
- толерантност на Didimella
- отпорност на суша и дамки како последица од сушата
- толерантност на пајак
- одличен квалитет на внатрешноста (месото)
- долг период на останување на плодот на стеблото без промена на квалитетот
- голема транспортабилност
- зголемен принос на 25-30%
- погодна за средно тешки и тешки почви
- брз старт после калемувањето