Syngenta Zeraim Gedera Daehnfeldt
Сорти

Romanza F1

Romanza F1 во сезоната 2009/2010 се појавува во подобрено издание со далеку покрупно семе што досега беше психолошка пречка кај производителите.

Во повеќе држави потрошувачките тестови кои ги извршивме во нашите фирми, секаде се истакнуваше ROMANZA F1 како најкомплетен хибрид.

КАРАКТЕРИСТИКИ:

  • надворешна кора со атрактивна сино-зелена боја
  • тешка и масивна / компактна лубеница
  • атрактивен изглед при пресек на плодот без пукнатини
  • тенка кора
  • внатрешноста (месото) е со кармин црвена боја
  • многу ситни и малубројни семки
  • внатрешноста (месото) е ‘рскаво и се топи во устата
  • хармоничен, многу сладок вкус
  • спаѓа во групата на најраностасни хибриди (порана од Topgun F1 за 4 дена)
  • се смета за многу бујно/снажно растение во својата група на зреење
  • се одликува со три до четири плода по растение со големина од 8-10 кг
  • иако има темна боја, оштетувањата на кората од сонце и се минимални
  • семето е ситно така да почетниот развој е малку побавен во однос на хибридите кои имаат покрупно семе, но во понатамошниот развој тоа многу брзо го надокнадува така да крајниот резултат е многу брз хибрид. При калемење, сеидбата треба да се планира седум дена пред сеидбата на подлогата

И ОДНАДВОР И ОДВНАТРЕ Е ПРАВА УБАВИЦА!

Romanza F1Romanza F1Romanza F1

Topgun F1

Topgun F1

Резистенција:

Ir = Co: 1 / Fon: 0, 1

Долгогодишното искуство на производителите на овој хибрид покажува дека Topgun F1 има единствена особина. Непобедлив е во способноста на одржување на стеблото, во способноста на чување како и во издржливоста на подолг транспорт. Набран Topgun F1 кој се чува на засенчено место може две недели да стои и да не се расипе. Производителите известуваат за искуства кои уште повеќе ги поткрепуваат овие карактеристики.

Не случајно Topgun F1 стана еден од најпопуларните хибриди не само кај голем број на производители туку и кај голем број на трговци.

Карактеристики:

  • многу ран период на зреење
  • средно бујно растение
  • отпорен на fusarium 0.1
  • големина на плодовите од 12-14 кг
  • сјајна боја на внатрешноста на плодот
  • многу масивна и компактна структура
  • со најголема сигурност може да се сее од семе
  • Topgun F1 посеан од семе може да даде принос 80-100 т/ха

Topgun F1 со сигурност дава и со сигурност го задржува својот квалитет. Тој што работи со овој хибрид, може да биде уверен во тоа, да нема место за рекламација на квалитетот.

Topgun F1Topgun F1

Farao F1

Farao F1

Резистенција:

IR = Co: 1 / Fon: 0, 1

Farao F1 го одредува односно го именува сегментот на овални (елипсовидни) хибриди, по раностасноста е средно ран со најголем принос и со најголема брзина на пораст (како вегетативен така и генеративен). Го препорачуваме како за директна сеидба така и од калем.

Заради брзината на порастот самото растение има зголемена отпорност при неповолни услови на производство.

Во случај на закаснета сеидба за разлика од други хибриди многу брзо го надополнува изгубеното време во вегетацијата така да директна сеидба дури и во Мај може да биде многу успешна.

Карактеристики:

  • со сигурност хибридот може да се произведува во различни производни услови
  • стабилен е и во ладни и во дождливи услови
  • просечна тежина 14-16 кг
  • многу јак и отпорен коренов систем
  • не се суши
  • многу висок принос
  • се истакнува со голема отпорност на fusarium
  • голема транспортабилност

Constellation F1

Constellation F1

Резистенција:

IR = Co: 1 / Fon: 0, 1

Constellation F1 е нов хибрид на фирмата S&G кој е резултат на модерното оплеменување во сегментот на големи елипсовидни (овални) лубеници. Сорта која во чекор ја прати добро познатата лубеница Farao F1.

Во што е разликата:

Додека Farao F1 предначи во раностасноста, Constellation F1 има предност во подобрата реализација на поголем принос што произлегува од следното:

  • одлично оплодување
  • голема униформност, нема мали и големи плодови
  • растението ги израснува сите плодови
  • добро реагира на интензивни агротехнички мерки

Кои се популарните особини на Constellation F1 на потрошувачите?

  • прекрасна, убава црвена внатрешност (месо)
  • тенка кора
  • хрскаво месо кое се топи во устата
  • невообичаено мал број на семе

Зошто трговците ја ценат оваа лубеница?

  • просечна тежина на плодот е 12-14 кг (80% од плодовите)
  • уедначеност на плодовите – голема униформност
  • атрактивна зелена боја на кората
  • иако е тенка, кората е тврда така да е многу добра за транспорт
  • мал број на семе кое е ситно што е доказ за долготрајност (споро ферментира)
  • добро се складира и при лоши услови на складирање (не го губи квалитетот и при лоши услови на складирање)

Зошто е погодна за производство?

  • растение со голема снага на пораст
  • одлично ги покрива плодовите
  • добро оплодување – минимум 2 плода по растение
  • растението сите плодови може да ги израсне до берба до тежина од 12-14 кг
  • и при услови на лоша побарувачка за лубеници, плодовите може долго да останат на растението без променет квалитет
  • одлична отпорност спрема влијанието на сонцето (побелување)
  • спаѓа во групата на лубеници кои добро поднесуваат суша

Constellation F1Constellation F1Constellation F1

Karistan F1

Karistan F1

Резистенција:

IR = Co: 1/ Fon: 0, 1

Уште една нова сорта од лубеница во широката низа од Syngenta Seeds компанија која ќе ги задоволи потрошувачите со висок критериум за квалитет. Karistan F1 е право задоволство за љубителите на добра лубеница.

Karistan F1 е најнов хибрид во палетата на најнови сорти во Европа, лубеница со безпрекорен квалитет.

Предности за производителот:

  • овален облик
  • тежина
  • средноран хибрид
  • долго останува на стеблото со непроменет квалитет
  • растение со голем потенцијал на пораст
  • висок принос

Предности за трговците (продавачите)

поради ситното и малубројно семе добро се чува (складира)

при подолго чување полесно се планира продажбата

голема униформност на плодовите

Предности за потрошувачите

внатрешноста на плодовите со примамлива црвена боја

внатрешноста на плодот со многу ситно семе

Celebration F1

Celebration F1

Резистенција:

IR = Co: 1 / Fon: 0, 1

Нова селекција во сегментот на познатиот хибрид Farao F1, добар избор за пазар кој не бара големи лубеници. Многу јако растение со особина на добро врзување на плодовите  повеќе отколку Farao. Растение со изразена отпорност према Fusarium. Плодовите се многу изедначени. Во однос на Farao има подобар квалитет на внатрешноста на плодот. Стеблото е добро развиено и јако. Времето на дозревање е 2-3 дена покасно од Farao. Има овален облик на плодот . После бербата повторно врзува плодови. На стеблото останува долго  без губиток на квалитетот.

Многу благодарна во интензивни услови на производство каде формира уедначени плодови. Успешно може да се произведе со сеење на стално место.

Celabration F1



Календар