Syngenta Zeraim Gedera Daehnfeldt
Новости

Bostina F1

 Bostina F1

  Нов ран хибрид за производство во загреани или не загреани заштитени простори и краток циклус на производство 

HR = Ff: 1-5 / Fol: 1, 2 / For / ToMV: 0-2 / V

IR = M

  • Стандарден висок генеративен тип со умерена бујност
  • Одлично ги формира плодовите на сите цветни гранки без разлика на температурата
  • Плодовите се тврди, округли, без изразени ребра, со добра изедначеност на големината
  • Просечната маса на плодовите 250 грами (достигнува до 300 грами)
  • Бојата на плодот е црвена, вкусот одличен, не е склон на пукање
  • Погодна за пролетно производство и берба до Јуни месец
  • Препорачан склоп на садење 2,5-3 растенија на метар квадратен

Bostina F1Bostina F1

Слики од терен 2014

Panekra F1 Ново!

Почитуани клиенти:

Ви ги претставуваме најкрупните и најубавите плодови

• Ран хибрид, за пролетно одгледување
во пластеници
• Созрева 58-60 дена по пресадување
• Умерен вигор со силен коренов систем
• Плодовите малку плоснати,
со истакнати ребра, на пресек има
повеќе од 7 комори (Lоculi)
• Темно црвена боја и добар вкус
• Beef (меснат) тип со многу големи
плодови 280-300 g, првата гранка и
до 450 g
• Плодовите се отпорни на пукање
• Многу плоден хибрид, отпорен на
температурните разлики и нематоди
• Кратки интернодии

Висока отпорност (HR) = H: AE / Fol: 0-1 (US1-2) / For / ToMV 0-2 / V

Средна отпорност (IR): М нематоди

Еве неколку слики од терен:

Jetodor F1

Драги клиенти ви ја претставуваме  најраната зелка на пазарот

• Вегетација 50 дена
(3-5 дена порана од Kevin)
• За производство во тунели
• Добар пораст, растенијата изедначени,
малку посветла боја од Kevin
• Главиците можат да се берат многу рано
штом достигнат 0,75 kg
• Просечна тежина на главиците е
1,0-1,5 kg
• Средна отпорност на пукање
• Препорачливо растојание 40х40 cm

 

Grownet F1 New!

Grownet F1
Почитувани клиенти ви го претставуваме новиот многу ран хибрид за заштитени простори со и без загревање

• Многу ран детерминантен хибрид
(поран од Minaret)
• Наменет за производство во оранжерии
и тунели
• Лесен за одгледување
• Генеративен тип на домат со 4-6 плода
на цветна гранка
• Плодовите се со тежина од 200-230g
• Со одлична црвена боја
• Плодовите се со одличен вкус

Висока отпорност (HR) = V; ТМV: 0; ToMV 0-2, Fol 0-1/Vd/Va/Ff:A-E; C1-5

Средна отпорност (IR) = M нематоди

Еве неколку слики од терен.

Краток тип на краставица Epsilon F1

Epsilon F1

Хибридот Epsilon F1 кој претставува краток тип на краставица се покажа како најдобар од сите досега присутни хибриди на пазарот. Со својот обилен и квалитетен род ќе заземе значајно место во производството на кратка краставица. Се работи за партенокарпен тип на краставица, со должина на плодовите од 18-20 см, со специфична нијанса на зелена боја и слабо изразени брадавици. Се покажа како одличен хибрид за пролетно производство бидејќи одлично формира плодови и на пониски температури. Средно е отпорен на пепелница. Во прилог ви приложуваме неколку фотографии од терен.

Epsilon F1Epsilon F1Epsilon F1

Нови хибриди на Домати

Panekra F1

Почитувани клиенти:

Накратко ќе ви ги претставиме двата нови хибриди на домати од нашата фирма, а тоа се Bostina F1 и Panekra F1.

Се работи за два нови и извонредни хибриди, кои достигаат високи приноси, со одлична форма на плодот, со интензивно црвена боја без зелени прстени.

Засега истите може да ги погледнете на двете слики кои ви се приложени а дополнително ќе ве информираме за нивните карактеристики а воедно и ќе ви приложиме дополнителни фотографии за да може во целост да се погледнат значајните карактеристики на нивните плодови.

Bostina F1Panekra F1

Нова детерминантна сорта 99258

99258

Почитувани клиенти:

Ве информираме дека само што завршија испитувањата за новата детерминантна  сорта 99258 за рано производство.

Кај оние земјоделци каде што ги имаше опитите поставено, самата сорта беше одгледувана под шифрата 99258, па самите тие земјоделци можеа по одблиску да се запознаат со екстра квалитетот и тежината на плодот на новиот хибрид.

Во прилог на самата слика може да го видите форматот на плодот а воедно погледнете ја и тежината на вагата за три цветни гранки колку што и има поставено.

Со подетални информации за хибридот ќе бидете запознаени своевремено.

9925899258

Пристигна семето Paronset F1

Почитувани клиенти:

Ве информираме дека штотуку пристигна семето домати од сортата Paronset F1. Нарачките се во тек.

За оние кои не им е познат овој хибрид, карактеристиките за истиот може да ги прочитат во оделот за Градинарство на нашата веб страница.

Ви пожелуваме успешна сезона.

Пристигна семето од Spacestar

Почитувани клиенти ве информираме дека пристигна и новата пратка карфиол од сортата Spacestar.

Добро познатиот хибрид на фирмата Syngenta  е веќе неколку години застапен на пазарот и добро познат на производителите и на откупните центри.

Берба на домати

Само што започна бербата на доматите во Струмичкиот регион. Како и минатите години така и оваа година како водечки сорти за рано пролетно производство се сортите Minaret и Ballet.



Календар