Syngenta Zeraim Gedera Daehnfeldt
Cyclamen

Cyclamen

Цикламите (Cyclamen persicum) се многу популарни кај нас во последниве години.
Најчесто се одгледуваат како собно цвеќе и цветаат од Декември до Април .
Кај нас најмногу се застапени пред и за време на 8-ми Март. Ја има во повеке
бои како бела, розова, црвена, салмон, пурпурна, или понекогаш би-колорна.
Лисјата се во облик на срце и ги има зелени и сребрени. Нивниот развој е многу
бавен од 26 па до 36 седмици во зависност од видот, па затоа треба да се внимава
околу исхраната на овие цвеќиња. За време на летниот период се засенуваат со 60% мрежа. Поради високите температури кај нас цикламите многу бавно се развиваат. Се користат ѓубрива кои се 100% растворливи во вода и тоа во летниот период еднаш на две недели, a во фаза кога цикламата има интензивен раст се прихранува еднаш неделно наизменично со растворливи ѓубрива НПК 14:10:26+3Mg и 15:05:30+3Mg. Субстратот треба да е со рН од 5,8-6,2 со крупна структура стандард од 0-40мм.
Цикламата пристигнува во табли бројчано по:72,128,264 растенија по табла.

CyclamenCyclamenCyclamen



Календар