Syngenta Zeraim Gedera Daehnfeldt
Dianthus

Dianthus

Каранфил
Според христијанската легенда каранфилот за прв пат се појавил на светот,
кога Исус Христос го носел крстот. Дева Марија ронела солзи жалејќи за неговата
судбина а од паднатите солзи никнале каранфили. Постојат над 300 сорти и околу
100 видови различни хибриди каранфили, а нивниот број постојано се зголемува.
Цветовите му се познати по својата способност да се задржи долго време (2-3 недели)
и затоа се идеални за цветни букети. Каранфилот има потреба од сончева светлина и
субстратот во саксии треба да е со добра дренажа. Тие се со бавен раст, па треба да
имате трпение, бидејќи може да потрае и до половина година пред саксии да се исполнат
со цвет.
Каранфилот е растение на ладна клима, поради што добро поднесува ладни температури
а цветањето му се намалува кога температурите почнуваат да се качуваат во горниот
лимит во дијапазон од 27-37 ° C. Растенија растат најдобро во почва со рН 5,8 до 6,2
а Е.С. помала од 1,0 mmhos. . За време на вегетацијата треба леко да се полива, пачвата
не смее да се пресуши, а вишокот на влага може да биде штетно. Се прихранува 1-2 седмичо
наизменично со растворливи ѓубрива НПК 14:10:26+3Mg и 14:07:28+5CaO.

Каранфилот пристигнува во табли бројчано по: 128, 264, 480 растенија по табла.

DianthusDianthusDianthusDianthus



Календар